Вардарки за прв пат поразени сезонава од Мец
- Ракомет Mк
- Feb 26, 2018
- 1 min read
Вардар ќе игра во четврт-финалето на лигата на шампионите без оглед на поразот на гостувањето кај Мец во Франција од 22-24 (10-10). Во последните две кола, против Битигхајн на домашен терен и на гости кај Будуќност, на „црвено-црните" ќе им треба само една победа за да влеземе во Топ-8 како првопласирани од нашата група.

По серијата од девет натпревари без пораз нашите девојки првпат сезоната во било кое натпреварување загубија натпревар. Слабата игра во одбрана, но и добрата поставеност на противникот и нивната максимална концентрација во текот на целиот натпревар беше клуч за успехот на Французинките.Во следното коло на 2 март во Скопје доаѓа Битигхајм.
Comments