Вардар приреде драма, но поразен кај Нант
- Ракомет Mк
- Feb 26, 2018
- 1 min read
Заверката на директниот пласман во четврт-финалето на лигата на шампионите за Вардар е одложено за следниот викенд кога „црвено-црните" го играат последниот натпревар од групната фаза против Висла. Во меч од 13. коло од лигата на шампионите на гостувањето во Франција нашите момци се враќаат без бодови откако загубија минимално, 26-27 од Нант во меч со драматична завршница.

Сега на табелата во група А, Вардар води со 20 бода, еден повеќе од Нант, и два од Барселона. Во последното коло сега нам ни треба најмалку реми против Висла за да го осигураме директниот пласман во четврт-финалето. Во случај на ист број бодови со Нант, ние имаме подобра меѓусебна гол разлика. Дури и ако три екипи: Вардар, Барселона и Нант имаат ист број бодови, првото место ќе го освои Вардар бидејќи има најдобра вкупна гол разлика.Вардар го одигра својот најлош натпревар во повеќе од една година, со доста грешки во играта, и промашувања во нападот. Сепак останува сѐ во нашите раце за пласман во четврт-финалето.
Comments