Македонија 10-та најјака во Европа! Висок пораз од Данска
- Ракомет Mк
- Jan 24, 2018
- 1 min read
Денеска Македонија го одигра последниот натпревар од Европското првенство во Хрватска, каде нашите ракометари завршија на 10-та позиција.Последениот натпревар им беше со репрезентацијата на Данска и тие беа поразени со високи 31 спрема 20, а на полувреме беше еднакво 12 спрема 12.

Првото полувреме се играше еднакво одлична игра имаа младите играчи, но во второто полувреме Данска го покажа својот квалитет и славеше со високи 11.За нашата репрезентација заврши европското првенство на 10-та позиција.Сепак задовлството е големо се радувавме на победа над Словенија (сребро на СП 2017) игравме реми со Германија (злато ЕП 2016) и одлична игра со победа над Црна Гора каде бевме први во групата и како првопласирана екипа влеговме во главната група.Во главната група немавме ниту една победа, ја завршивме со 3 порази, Шпанија и Данска со висока гол разлика успеаа да не совладат во отсуство на нашиот капитен Кире Лазаров, а додека пак со Чешка имавме водство во целиот натпревар но на крај немавме среќа и опуштивме во играта каде бевме поразени минимално со 1, овој пораз најмногу болеше на Европското во Хрватска.Сепак нашите македонски лавови нас не прикажаа во одлично светло, ни дадоа шанса да гледаме натпревари со високи репрезентации и притоа да бидеме 10-ти најјаки во Европа!Останува уште да заврши европското првенство во ракомет на 28 јануари, па од фебруари почнува клубскиот ракомет натпревари во Лигата на шампиони и Сеха Лигата.
Comments