Македонијаа прва во групата! Реми со европскиот првак!
- Ракомет Mк
- Jan 17, 2018
- 1 min read
После третото коло заврши првиот круг на Европското во Хрватска каде Македонија се сретна со екипата на европскиот шампион Германија каде нашите одлични момчи изиграа супериорно и направија реми 25 спрема 25, и со ова сме први во групата Ц.

Ова реми е како победа за Македонија, затоа што сме први ви групата и со 3 поени патуваме во вториот круг.Натпреварот се играше гол за гол, водеше Македонија , водеше Германија.Последниите 10-тина минути резултатот беше израмнет, Германците напаѓаа Борко бранеше, имавме и шанса за победа преку Стоилов но истата не ја искористивме.Играч на натпреварот од страна на ЕХФ беше одбран ,,Министерот за одбрана" Борко Ристовски.Следува пауза од 3 дена па повторно натпревари.Во новиот круг Македонија како противници ги доби селекциите на Чешка,Данска и Шпанија.
Comments