top of page

Македонија против европскиот шампион Германија

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jan 17, 2018
  • 1 min read

Денеска во рамките на третото коло од првиот круг нашата репрезентација ќе се сретне со европскиот шампион Германија.Натпреварот ќе започне во 18 часот и 15 минути во Арена Загреб и со телевизиски пренос на телевизија телма за македонската јавност.

Овие две репрезентации имаат одиграни 6 дуели од кој сите биле победи за Германија, дали денеска ќе може да се спречи таа црна низа на порази? Во огледа на тоа дека имаме феноменален старт, зашто па да не падне и Германија? Доколку денеска славиме над Германија ние ќе бидеме први во групата, исто така и со реми сме први во групата , а додека пак со пораз ќе се наоѓаме на втората позиција во групата.Ние обезбедивме пат за во вториот круг, но денеска сакаме победа за подобар пласман во наредната група.

Раул Гонзалес објави дека има замена во неговиот состав, тимот за овој натпревар ќе го напушти Филип Лазаров, а на негово место ќе влезе Велко Маркоски.Оваа замена е главно во одбраната каде Велко Маркоски и Ацо Јоновски ќе бидат главните столбови.

Македонија - Германија (Денеска 18:15 часот ~ Телевизија Телма)


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page