top of page

Македонија славеше над Црна Гора, Македонија оди во главната фаза!

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jan 15, 2018
  • 1 min read

Македонија во рамките на второто коло славеше над репрезентацијата на Црна Гора со минимални 29 спрема 28 и притоа обезбеди место во главната фаза на Европското првенство.Со оваа победа Македонија е прва во групата.

Натпреварот започна со голот на Талески потоа се играше гол за гол двете репрезентации имаа свои минути поведуваа со еден до два гола, па ремизираа и со голот на Црна Гора заминаа на одмор со конечни 16 спрема 15 замина во полза на Црна Гора.Второто полувреме продолжи водството на Црна Гора но во продолжение Македонија успеа успеа да води со највисоки 4, но Црна Гора повторно се врати во игра до крајот на натпреварот се играше гол за гол каде Македонија успеа да поведе со 2 и на крајот да слави со минимални 29 спрема 28.Најдобар играч на натпреварот беше иднината на македонскиот ракомет - Филип Кузмановски.

Следен натпревар за Македонија е со селекцијата на Германија во Среда со почеток во 18 часот и 15 минути со директен пренос на телевизија Терлма.


コメント


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page