top of page

Македонија денеска како фаворит против Црна Гора

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jan 15, 2018
  • 1 min read

Започна второто коло на Европското Првенство каде настапува и репрезентација на Македонија.Вчера на 14 јануари се одиграа натпреварите во групите ,,А'' и ,,Б", а денеска на ростерот за играње се натпревари од групите ,,Ц" и ,,Д" каде настапува Македонија.

Македонија во второто коло ќе се сретне со екипата на Црна Гора денеска во 20 часот и 30 минути во Арена Загреб со телевизиски пренос на телевизија Телма.Во историјата овие репрезентации имаат 6 одиграни средби, од кој 4 победи за Македонија, 1 победа за Црна Гора и 1 реми за екипите.Додека пак Раул Гонзалес објави дека ќе го има истиот состав од претходниот натпревар со Словенија, а селекторот на Црна Гора Драган Ѓукиќ изјави дека ќе има една замена на голманската позиција на местото на Мијушковиќ ќе дојде искусниот голманот Симиќ.Македонија сега засега е на 2-та позиција на табелата, а Црна гора на последното место, доколку Македонија победи денеска ќе има сигурен пат кон вториот круг.

Македонија - Црна Гора (Денеска 20:30 часот - пренос на Телевизија Телма)


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page