top of page

Падна фаворитот,Падна Словенијаа, Македонија со победа го отвори ЕП

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jan 13, 2018
  • 1 min read

Македонија со еден ама вреден гол славеше во рамките од првото коло во првиот круг на Европското првенство во Хрватска над екипата на Словенија.Раул Гонзалес со македонските ,,лавови'' одлично го отворија европското првенство.

Натпреварот го отвори репрезентацијата на Словенија,ние дадовме голови само од пенали.Потоа Словенија со контри успеа да направи водство од 3 разлика,тогаш на сцена дојде Никола Митревски кој успешно интервенираше неколку пати и успеавме да заминеме на одмор со 11 спрема 11.Второто полувреме го отворивме ние со погодок и тоа беше нашето прво водство, со серија на голови 3-0 успеавме да направиме водство од 4 разлика шутиравме во празен гол за 5 ама обидот беше неуспешен.Словенија даваше отпор и успеаа да реваншираат и да погодат за водство од еден, до крајот се играше гол за гол каде ние успеавме да поведеме со еден и да славиме на овој натпревар.

Следен натпревар за Македонската репрезентација е во понеделник со почеток во 20:30 часот со репрезентацијата на Црна Гора.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page