Заврши вториот ден, комплетирано првото коло на ЕП во Хрватска
- Ракомет Mк
- Jan 13, 2018
- 1 min read
Денеска се одиграни и преостанатите четири средби од првото коло на ЕП во Хрватска. Играни се средбите во групите “Ц“ и “Д“.
Во за нас најзначајната средба, Македонија ја победи Словенија и ги запиша првите бодови на првенството. Во нашата група славеше и Германија, која катастрофално ја победи Црна Гора. Во групата “Д“, Шпанија ја прегази Чешка, а Данска убедливо ја победи силната Унгарија.

Резултати:
Група “Ц“:
17.15 часот: Германија – Црна Гора 32:19 (17:9)
19.30 часот: Македонија – Словенија 25:24 (11:11)
Група “Д“:
18.15 часот: Шпанија – Чешка 32:15 (16:9)
20.30 часот: Данска – Унгарија 32:25 (14:12)
Comments