Македонија со Словенија го започнува ЕП во Хрватска
- Ракомет Mк
- Jan 12, 2018
- 1 min read
Првиот противник на Македонската машка репрезентација на Европското првенство во Хрватска е екипата на Словенија.Натпреварот ќе се игра во Арена Загреб што припаѓа во групата Ц.Дуелот е закажан за денеска (13 јануари) со почеток во 19 часот и 30 минути,натпреварот ќе биде прикажан со директен пренос на Телевизија Телма.

Во меѓусебните дуели овие две репрезентации имаа две нерешени средби,една победа на Македонија и две победи на Словенија.Се надеваме дека Македонските ,,лавови" ќе успејат да ја израдуваат македонската публика со прва победа на Европското Првенство, но сепак репрезентацијата на Словенија во овој дуел доваѓа како фаворит.Додека пак ова првенство ќе биде прво првенство за новиот тренер на Македонската репрезентација - Раул Гонзалес, па очекуваме позитивни резултати на ова Европско Првенство.Mакедонија се очекува да има поддршка од 2.000 навивачи, а и дополнително од Хрватската публика затоа што тие изјавиа дека ќе навиваат за нас.
МАКЕДОНИЈА - СЛОВЕНИЈА (Денеска 19:30 часот) ТВ ТЕЛМА
Comments