Раул Гонзалес го објави списокот за патниците во Загреб
- Ракомет Mк
- Jan 10, 2018
- 1 min read
Селекторот на македонската сениорска репрезентација Раул Гонзалез го објави списокот со имињата на 19 ракометари, со кои ќе патува на ЕП во Хрватска.Утре рано наутро нашата делегација ќе замине за Загреб, каде на 13 јануари ќе го одигра првиот натпревар од групата против селекцијата на Словенија. Во нашата група на ЕП ќе настапат и селекциите на Црна Гора и на Германија, со кои ќе се сретнеме на 15, односно на 17 јануари.

Список на ракометари за ЕП Хрватска 2018: Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски и Златко Даскаловски. Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски и Филип Кузмановски. Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски и Гоце Ојлески. Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Маркоски. Одбрана: Аце Јоновски и Велко Марковски.
Comentarios