Македонија има пријателски натпревар со Србија во пресрет на ЕП
- Ракомет Mк
- Jan 5, 2018
- 1 min read
Денеска во Белград со почеток во 18 часот ќе се одржи пријателски натпревар во пресрет на Европското првенство во Хрватска, каде ќе се сретнат екипите на домаќинот Србија и гостинот Македонија.Натпреварот ќе биде со пренос на Телма телевизија.

Додека пак вчера репрезентацијата на Македонија славеше убедливо над Саудиска Арабија со 37 спрема 21.Денешниот натпревар ќе биде втор и последен подготвителен натпревар за Македонија на ова Светско Првенство.

Европското првенство за репрезентацијата на Македонија започнува на 13 јануари со натпреварот против Словенија,потоа на 15 јануари против Црна Гора и на 17 јануари против екипата на Германија.
Comments