top of page

Раул го скрати списокот на 21 ракометар за ЕП во Хрватска

  • РК. Металург
  • Dec 18, 2017
  • 1 min read

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари повикани на првиот собир на репрезентација за подготовките за ЕП 2018 во Хрватска. Раул Гонзалез повика 21 ракометар на првиот собир што ќе се одржи на 25 декември 2017, со почеток во 16.30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Повикани се следните ракометари:

Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Аце Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски.

Според планот и програмата за работа, воведни подготовки ќе започнат на 18 декември, со почеток од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“.На воведните тренинзи, кои ќе траат до официјалниот старт на подготовките, ќе се работи на индивидуален план, со помал број на играчи и персонализирани тренинзи за секој од повиканите играчи, изготвени од стручниот штаб на репрезентацијата, а спроведени од асистентите на селекторот Роберто Парондо, Александар Царчев и Кристијан Кајчевски. На располагање ќе биде и комплетниот физиотерапевтски тим на репрезентацијата, со цел играчите максимално подготвени да го дочекаат првиот собир.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page