Вардар и Металург со победи во СЕХА
- Ракомет Mк
- Dec 14, 2017
- 1 min read

Ракометниот клуб Металург во рамките од 11-то коло во СЕХА газпром регионалната лига славеше дома над екипата на Динамо Панечво од Србија со високи 33 спрема 25. (22-13)
Ова беше последен настап за Металург оваа година, така што сега следува одмор па европското ракометно првенство во Хрватска и повторно натпревари во Сеха лигата.

Додека пак европскиот шампион Вардар гостуваше во Словенија кај Горење Велење и исто така славеше со 30 спрема 24. (16-12)
Оваа сезона Вардар игра одлично и сезонава ја затвара без ниеден пораз како најефикасна екипа во Европа, се наоѓа на 1 позиција во Групата А во ЛШ и на 1 позиција во СЕХА газпром лигата.Следува одмор,европско првенство па натпревари во ЛШ и СЕХА.

Comments