Металург даде отпор, но славеше Вардар
- Ракомет Mк
- Dec 10, 2017
- 1 min read
Во ракмите од 10-то коло во СЕХА Газпром регионалната лига хуманитарниот натпревар за Борче Јовановски помеѓу Вардар и Металург во Спортскиот Центар Јане Сандански славеше фаворизираниот Вардар со 31 спрема 24, но првато полувреме припадна на екипата на младиот Металург со 14 спрема 12.

Првото полувреме припадна на играта на Металург, момците на Јовиќ беа одлични, Вардар во првото полувреме незнаеше за реми ниту пак за водство.Екипите на полувреме заминаа на одмор со 14 спрема 12 во полза на Металург.Првите десеттина минути од второто полувреме Металург успеа да го задржи резултатот, а потоа проработе машината ВАРДАР и со серија на голови,квалитетна одбрана и одличен напад успеаа Металург да го декласираат до крајот со високи 7 и да слават со 31 спрема 24.Следни натпревари за екипите се во СЕХА лигата на Вардар со Горење Велење и на Металург со Динамо Панчево.
Comments