top of page

Што се случува со Вардар !?

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Dec 7, 2017
  • 2 min read

Актуелниот европскиот шампион Вардар оваа година игра убедливо незнае за пораз, но може не загрижува тоа што многу значајни играчи го напуштаат тимот од крајот на сезоната но има и нешто добро ракометниот Вардар има и нови засилувања.

Вардар го напуштаат следните ракометари:

- Михајло Марсениќ заминува во Германската екипа на Фуксе Берлин.

- Раул Гонзалес потпиша договор со францускиот шампион Париз Сен Жермен.

- Илија Абутовиќ се договри со Германски Рајн Некар Левен.

- Исто така и Хорхе Македа потпиша со Рајн Некар Левен.

- Арпад Штербик заминува во екипата на унгарски Везпрем.

-Лука Циндриќ во Парис Сен Жермен.

После заминувањaта од Вардар конечно и трансфери на нови ракометари, а првиот којшто би требало да пристигне во редовите на европскиот шампион за следната сезона е левиот бек на Чеховски медведи, Дмитри Санталов.

Тој има 196 сантиметри висина и 87 килограми тежина исто така има и одличен шут од далечина. Има 21 година и игра за екипата на Чеховски Медведи во Русија на позиција лев бек.

После заминувањето на Арпад Штербик од голот на Вардар, Сергеј Самсоненко се договорил со Дарко Станиќ, тој во минатото играше за Металург и е добро познат на скопската публика.Toa ќе биде интересно затоа што пред неколку години тој им беше ривал, а сега ќе го брани голот на ,,црвено-црните".

На голот на Вардар Станиќ ќе има друштво со Милиќ кој доволно се познаваат затоа што и двајцата играчи беа дел од репрезентацијата на Србија.

Дарко Станиќ има висина од 1,92 сантиметри, а додека неговата тежина е 102 килограми.

Вардар исто така го ангарижираше рускиот десен бек Дмитри Киселев кој доваѓа од екипата на Санкт Петерзбург од Русија.Дмитри Kиселев има настапувано заедно со

Дмитри Санталов за руската репрезентација до 21 година каде Македонските ракометари високо славеа над нив на Светското првенство до 21 година во Алжир оваа година.Toj е висок 193 сантиметри и има 23 години и игра на позиција десен бек.

Додека пак пикерот и капитен Стојанче Стоилов заедно со десното крило Шишкарев го продолжија договорот со вардар на уште една година


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page