Вардар со лесна победа против Војводина
- Ракомет Mк
- Dec 7, 2017
- 1 min read
Вардар очекувано и лесно ги освои трите бода на дуелот од СЕХА Газпром лигата против Војводина со триумф 37-22 (17-13) зацврстувајќи се на првото место на табелата, оставајќи го српскиот првак на делба на последното место.За Вардар ова беше 15 победа по ред во СЕХА лигата, и 14-ти триумф во 2017 година во регионалното натпреварување. „Црвено-црните" на табелата имаа 27 бода, девет повеќе од второпласираниот Мешков.

Тренерот Раул Гонзалес најави дека ќе има промени во екипата на Вардар па од самиот почеток шанса за играње добија Мартин Поповски, Владо Недановски и голманот Даниел Ѓорѓески. Само во првото полувреме Ѓорѓески имаше 12 одбрани, а двете крила, Недановски и Поповски заедно постигнаа 8 гола од 10 обиди.Како и што се очекуваше немаше незизвесност. Вардар играше онолку колку му требаше да одржува предност и да не им дозволи на гостите да помислат декa можат нешто да направат.
Comments