Металург со пораз ја затвори Лигата на шампионите
- Ракомет Mк
- Dec 3, 2017
- 1 min read
Последното коло за Металург оваа сезона во Лигата на шампионите беше гостувањето во Португалија во рамките од десеттото коло кај екипата на Спортинг Лисабон.Металург беше поразен со 31 спрем 27 (13-15).Металург ја затвори сезоната со 5 порази,1 реми,2 победи.

Металург одлично го започна натпреварот поведе со 5-2 потоа Спортинг ремизираше но Металург повторно се одлепи и на полувреме екипите заминаа на одмор со 15 спрема 13 во полза на Металург.Исто така првите 10-тина минути во второто полувреме поминаа со гол за гол, па Спортинг со серија на голови успеја да му се одлепи на Металург и да слави со солидни +4 31 спрема 27.Следен натпревар за Металург е во Сеха лигата на гости кај екипата на Целје.
Comments