Вардар го "прегази" Кристианштад
- Ракомет Mк
- Dec 3, 2017
- 1 min read
Европскиот шампион Вардар ВИСОКО славеше над екипата на Кристианштад во рамките од десеттото коло од Лигата на шампионите.Кристианштад беше прегазен со 31 спрема 15 во спортскиот ракометен вулкан Јане Сандански.Момците на Раул покажаа кој е европски шампион.Вардар поставува рекорди, без пораз ја завршува полусезоната во ЛШ.

Кристианштад незнаеше за водство, Вардар започна со 1-0,се играше до 3-2 гол за гол потоа започна Вардаровата машина и на полувреме екипите заминаа со убедлива предност за Вардар со 14 спрема 8.Не се промени играта во второто полувреме Вардар продожи да гази и само стави точка на натпреварот со превисоки 31 спрема 15.Следен натпревар за Вардар е во Сеха лигата каде ја пречекува екипата на Војводина.
Comments