Вардар непобедлив, реми кај Рајн Некар Левен
- Ракомет Mк
- Nov 26, 2017
- 1 min read
Во рамките од деветтото коло од лигата на шампионите актуелниот европски шампион Вардар ремизираше кај германски Рајн Некар Левен.Натпревар беше неизвесен до самиот крај, каде бодовите ги поделија двете екипи Рајн Некар Левен 28:28 Вардар.

Последниот напад,последните триесетина секунди ги имаше екипата на Рајн Некар и истиот неупешно го реализираа при што со звукот на сирената интервенираше Арпад Штербик.Вардар е единствениот тим во ЛШ што незнае за пораз.А македонскиот репрезентативен бек Филип Талески постигна само 1 гол од 2 обида.Следен натпревар за Вардар е во Сеха регионалната лига на гости кај Нехе Нашице.
Коментарі