top of page

Металург високо совладан од Мотор Запорожје

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Nov 25, 2017
  • 1 min read

Во рамките од деветто коло во лигата на шампионите македонскиот вицешампион Металург беше поразен од екипата на Мотор Запорожје од Украина со 30 спрема 22.Овој натпревар беше последен на домашен терен за Металург пред скопската публика.

Металург беше поразен поради големиот број на технички грешки,играта 7 на 6,слабата одбрана и неквалитетниот напад.Во текот на целиот натпревар Мотор водеше, па затоа не беше некој проблем за да слави со висок резултат, исто така на голот на Мотор беа расположени голманите.На полувреме екипите заминаа на одмор со 16-11 во полза на Мотор Запорожје.Следен натпревар на Металург е во ЛШ со екипата на Спортинг на гости, а потоа следуваат низа на натпревари во Сеха регионалната лига.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page