Вардарки високо славеа над Турингер
- Ракомет Mк
- Nov 17, 2017
- 1 min read
Европскиот вицепрвак Вардар е единствената екипа што без пораз и загубен бод ја заврши групната фаза од лигата на шампионите. „Црвено-црните" со 29-21(12-12) го победија Турингер и по 6-те одиграни натпревари во групата вардарки имаат максимални 12 бода.

На девојките им требаше едно полувреме за загревање, по што одиграа како што сакаат и тие и публиката. Гостинските како и вообичаено на гостувањата одат во редуциран број, а во Скопје допатуваа со седум ракометарки и два голмани. Но, тоа нималку не се одрази на нивната игра. Напротив одлични му парираа на европскиот вицепрвак, па дури и кога Вардар имаше водство од 10-6 и 11-7 гостинките не се откажаа.
Со овој натпревар завршува групната фаза, и ќе има пауза до крајот на јануари 2018 година. Следувааат репрезентативните подготовки за оние што ќе играат на СП во декември во Германија.
Comments