Вардар славеше над Рајн Некар, Металург поразен од Бешикташ
- Ракомет Mк
- Nov 18, 2017
- 1 min read
Во сабота се одигра осмото коло од Лигата на шампионите каде играа македонските екипи Вардар и Металург.Вардар го играше дербито на колото во СЦ. Јане Сандански каде го пречека Рајн Некар Левен, а додека пак Металург гостуваше во Турција кај Бешикташ.

Актуелните европски шампион Вардар го пречека македонскиот репрезентативец Филип Талески со Рајн Некар Левен во салата Јане Сандански каде славеше со 30 спрема 26.Вардар очекувано славеше, низ текот на целиот натпревар Вардар беше во водство,на полувреме екипите заминаа на одмор со 17-13 во полза на Вардар.
А македонскиот вицешампион Металург гостуваше во Турција кај македонските репрезентативци Немања Прибак и Филип Лазаров кај екипата на Бешикташ каде беше поразен со 32 спрема 29, иако првото полувреме припадна на екипата на металург со 15-13, во второто полувреме Бешикташ со пресврт успеа да слави.
Comments