Монпелје славеше на тешкото гостување кај Металург
- Ракомет Mк
- Nov 13, 2017
- 1 min read
Монпелје ја доби средбата од 7. коло на групната фаза на Лигата на шампионите против Металург, но мораше да се намачи за да ги совлада нашите млади ракометари.Металург полека полека ги губи шансите за второто место во групата Д што го носат во ТОП 16.

Металург уште еднаш покажа дека најдобро ги игра најтешките натпревари, па денешната средба мина во израмнета борба во која се до крајот немаше сигурен победник. Конечната разлика од 6 гола во полза на францускиот тим не е реална, бидејќи во текот на 55 минути предноста на Монпелје ретко ја надминуваше границата од два гола. На крајот, нашите ракометари ја загубија свежината, па тенката клупа резултираше со повисок пораз од заслужениот.Монпелје беше тимот што имаше константна предност во текот на сите 60 минути, но Металург постојано се враќаше во игра и најчесто беше само чекор зад резултатот на својот противник.
Металург – Монпелје 21:27 (14:16)
Comments