top of page

Продолжува вардаровата победничка серија падна и Загреб во ЛШ

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Nov 12, 2017
  • 1 min read

Европскиот првак Вардар конечно успеа да триумфира во Загреб на дуелите против ППД Загреб, победувајќи со 29-23 (15-10) во меч од 7. коло на групната фаза од лигата на шампионите. Ова е наш прв триумф на теренот на хрватскиот првак, а шести сезонава, за 51 триумф воопшто во ЛШ.

Кога одбраната е добра, нападот концентриран, а Штербик на ниво, тогаш победата е загарантирана. На мечот во Загреб сите овие предуслови беа исполнети. Од самиот почеток се виде дека Вардар сериозно ја има сфатено работата, и поучен од лани кога имаше предност во вториот дел а потоа загуби сега не му дозволи на домаќинот ниту да се понадева на нешто. Штербик имаше 13 одбрани во првото полувреме, повеќе од бројот на постигнати голови на противникот. Нападот на Вардар имаше ефикасност од 58 отсто, а одбраната беше на 65 отсто.Следниот противник на Вардар е Рајн Некар во ЛШ.

ППД Загреб 23-29 Вардар


Commenti


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page