top of page

Металург поразен од Чеховски дома

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Nov 6, 2017
  • 1 min read

Младите ракометари на Металург очигледно не се снајдоа во улога на фаворити, која едногласно им беше доделена, и ја загубија средбата со Чеховски Медведи. Загубиаа два бода и сериозно ги намалија своите шанси за освојување на второто место во групата. Се што со голема мака го стекнааа на двете гостувања во Запорожје и во Чехово, денеска многу лесно го прокоцкаа на свој паркет.Металург денеска го одигра својот најслаб натпревар во досегашниот тек на Лигата на шампионите и безмалку им ја даде победата во рацете на денешениот противник.

Од самиот почеток се виде дека Металург има проблем во сите фази на играта. Во нападот им требаа 7 минути за да го постигнат првиот гол, а во одбраната примаа голови во секој напад на гостинските ракометари, а првата голманска одбрана ја забележаа дури во 27. минута. Ракометарите на Чеховски Медведи рано направија разлика од пет гола, 2:7, која се провлече скоро до крајот на денешната средба.

Нешто поинаква игра видовме во второто полувреме, во кое Металург вложи многу напор за да го промени резултатот во своја полза. Сепак, и во овој дел најпрво дозволиаа противникот да не поведе со максимални 7 гола разлика, 18:25 во 47 минута, за да после тоа се фрлат на една карта и да го нападнат голот на извонредниот голман Павленко. Но, се што стигнаа да направат металурзи беше намалувањето на разликата до конечните -3 гола.

* Металург – Чеховски Медведи 26:29 (12:17)


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page