Вардарки високо славеа против Ларвик
- Ракомет Mк
- Oct 21, 2017
- 1 min read
Европскиот вицепрвак Вардар покажува дека и во новата сезона ќе биде сериозен ривал за освојување на титулата. Во меч од 3. коло на групната фаза од лигата на шампионите нашите девојки триумфираа кај Ларвик со 31-19. Ова е трет триумф за „црвено-црните" втор на гостински терен во новата сезона.

Требаше да чекаме до 22 минута за конечно Вардар да проработе како што очекуваме. Откако последен пат беше 9-9 следуваше наша серија од 7-0 со која на полувреме направивме предност од 16-9 со која најавивме дека бодовите ќе ги освоиме ние.Високата предност од првото полувреме потоа им донесе на ракометарките можност да играат посмирено, и да се обиде да стигне и до двоцифрена предност. Тоа дојде во 51 минута кога првпат имавме водство 26-16. Потоа имавме и „плус 13", во игра влегоа сите што беа на клупата, па рутински ги освоивме двата бода.
- Во следното коло Вардар е домаќин на Ларвик во Спортски Центар Јане Сандански.
РЕЗУЛТАТ: Ларвик - ВАРДАР 19-31 (9-16)
Comments