top of page

Нов пораз во Сеха за Металург , овој пат од Горење Велење

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Oct 18, 2017
  • 1 min read

Во рамките на 6. коло на СЕХА-лигата, Металург во самиот финиш ја загуби битката со Горење од Велење. Во комплетно рамноправен натпревар, Металург незаслужено високо е поразен со резултат 24:29 (14:16).

Ова беше средба на две рамноправни екипи, иако во првото полувреме тимот на Горење беше тој што го контролираше водството.

Највисоката предност на гостинскиот тим во првиот дел изнесуваше четири гола, 4:8 во 15. минута, но на крајот од 30-те минути таа предност беше преполовена.Второто полувреме почна со фантастична серија на Металург од 4:0, за водство на нашиот тим со резултат 18:16. Иако Горење врати со своја серија од 3:0, Металург наскоро повторно го презеде водството и го контролираше во следните 15. минути, кога се играше гол за гол.Во моменти кога се доби впечаток дека Металург конечно ја најде вистинската игра за да го добие овој натпревар, следеше период кога кај Металург се почувствува замореност, проследена со пад на концентрацијата, а тоа го искористи тимот на Горење, кој во последните пет минути направи серија од 4:0 и го доби овој натпревар со превисоки пет гола разлика.


Comentários


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page