Вардар славеше над ППД Загреб во Сеха
- Ракомет Mк
- Oct 17, 2017
- 1 min read
Вардар оваа сезона повторно славеше над екипата на ППД Загреб, сега славеше во рамките на шестото коло во СЕХА регионалната лига.И овој пат Вардар славеше убедливо со 30 спрема 23 (17-10) .Од вкупно 23 меѓусебни натпревари за Вардар ова е 11 победа.

Следен натпревар за европскиот шампион Вардар е повторно во сеха лигата ама сега на гостински терен против екипата на Целје од Словенија.Интересен податок е дека тоа досега Вардар незнаел за пораз од Целје, од вкупно шест натпревари Вардар исто толку пати славел.Натпреварот е закажан за 21-ви октомври со почеток во 17 часот и 45 минути.Натпреварот ќе можете да го следите преку директен ТВ пренос на МРТ1.
Comments