top of page

Металург го декласираше руски Чеховски Медведи

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Oct 14, 2017
  • 1 min read

Во рамките од петтото коло од лигата на шампионите Металург славеше над Чеховски Медведи на гости.Младите Металурзи го декласираа тимот на Чеховски Медведи со 32 спрема 26.Ова е прва победа на гости оваа сезона на Металург и вкупно втора од одиграните пет.

Иако тимот беше во отсуство од тренерот Лино Червар и капитенот Филип Кузмановски металург со Александар Јовиќ успеа да го надиграат Чеховски.Првото полувреме се играше рамнопревно и екипите заминаа на одмор со 15 спрема 15.Во првите десетина минути од второто полувреме Металург започна да ја гради разликата на голови, Томовски беше фантастичен а нападот на Металург одличен и успеаа да слават на Чеховски со солидни 6 разлика.Следен натпревар за Металург е со Горење Велење во рамките од шестото коло од регионалната Сеха Лига на 18 октомври во 18 часот и 45 минути.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page