top of page

Вардар славеше над големата Барселона

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Oct 14, 2017
  • 1 min read

Денеска во пресрет на петотто коло од ракометната лига на шампиони, актуелниот европски шампион Вардар во спортскиот центар Јане Сандански ја надигра големата Барселона со 27 спрема 24.Оваа победа е прва за Вардар на домашен терен против Барселона.

Барселона го отвори натпреварот со 1 спрема 0, до 6-6 се играше гол за гол а потоа Вардар влезе во серија од 5-0 и направи одличен резултат од 11 спрема 6.Предноста вардарци ја држеа до крајот на првото полувреме каде екипите заминаа на одмор со 16 спрема 12 во полза за Вардар.Во второто полувреме Вардар ја одржуваше предноста и на крај заслужено славеше со 27 спрема 24.Следен натпревар за Вардар е во Сеха Гаспром лигата на 17 октомври во 17 часот дома со екипата на ППД Загреб.


コメント


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page