top of page

Meталург извлече само реми од Мотор Запорожје

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Oct 8, 2017
  • 1 min read

Металург се враќа со освоен бод од тешкото гостување во Харков, каде целосно го надигра фаворизираниот тим на Мотор Запорожје, но и немаше сили да го освои целиот плен.

Металург одигра фантастично, веројатно најдоброто сезонава, прво полувреме во кое уште на самиот почеток стекна убедлива предност, која постојано ја надоградуваше, па во 25. минута стигна и до максималните девет гола разлика, 7:16.

По играта во првото полувреме, кое заврши со резултат 12:18 во полза на Металург, се чинеше дека Металург сигурно ќе ги освои двата бода од оваа средба. Но, почетокот на вториот дел навести дека Мотор нема лесно да се откаже од својата борба за бодовите од овој натпревар.И на крај Металург обезбеди само реми од 28 спрема 28.Следен натпревар за Металург е во лигата на Шампионите на гости против Чеховски Медведи.

Мотор Запорожје – Металург 28:28 (12:18)


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page