top of page

Металург се израдува на првите бодови во лигата на шампионите

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Sep 30, 2017
  • 1 min read

Денеска во спортскиот центар Борис Трајковски во рамките од третото коло во лигата на шампионите металург ги забележа првите бодови.Екипата од автокоманда под водство на Лино Червар славеше над португалската екипа Спортинг Лисабон со минимален резултат 28 спрема 27 за Металург.

Првиот дел Металург поведе со одличните одбрани на Дарко Арсиќ и на полувреме екипите заминаа на одмор со 17 спрема 13 во полза за Металург.Во вториот дел Спортинг се обидуваше да ремизира, но металург одлично се држеше.Спортинг стигна до еден гол негатива, па металург славеше со минимални 28-27.Одличен беше Давор Палевски кој имаше 5/5 од седумте метри.Следен натпревар за Металург е во вторник во Сеха против ППД Загреб во 20 часот и 45 минути во СЦ. Борис Трајковски.


Comentarios


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page