Металург се упрости од Јануш Лапајне и Стефан Дрогришки
- Ракомет Mк
- Sep 28, 2017
- 1 min read
По два минати месеци во Металург Јануш Лапајне си реши да замине поради малата минутажа , тој ја пронајде екипата на Татран Прешов.Јануш Лапајне беше најголемото засилување оваа сезона за тимот од автокоманда ама тоа не го докажа на теренот,тој замина од ПСЖ поради истата причина мала минутажа а сега заминува и од Металург.

Додека пак македонскиот интернационалец Стефан Дрогришки кој помина една сезона во тимот на Металург реши повторно да замине во Битола, ама сега да биде дел од ривалот на Пелистер а тоа е Еурофарм Работник.Ракомет МК им посакува и на двајцата ракометари успех на ракометните терени во иднина.
Comments