Стари ривали: Вардар и ППД Загреб во третото коло од Лига на шампиони
- Ракомет Mк
- Sep 27, 2017
- 1 min read
Старите ривали актуелниот Европскиот шампион Вардар и ППД Загреб на доволно познатиот Касим Каменица имаат натпревар во рамките од третото коло во спортскиот "вулкан" Јане Сандански, билетите се пуштени во продажба.Натпреварот се игра на 1 октомври во недела во 17 часот со директен пренос на МРТ1 или во живо во спортска сала Јане Сандански.

Во меѓусебните натпревари Вардар се има радувано 8 пати а додека ППД Загреб 4 пати славел.Се надеваме дека Раул и црвено црната чета ќе се борат за нова победа во Лигата на шампионите.Вардар има две од две победи и е прв на табелата, а додека ППД Загреб на седмата позиција со еден пораз и едно реми.Посакуваме пријатна ракометна атмосфера се гледаме во сала.
Hozzászólások