Лига на шампиони 2-коло
- Ракомет Mк
- Sep 22, 2017
- 1 min read
Во престојниов викенд кој доваѓа на план се да се одиграат две ракометни средби во Скопје во рамките од второто коло од Лигата на шампионите.Вардар го пречува Кире Лазаров со Нант а додека пак македонскиот вицешампион Металург ја пречекува екипата на Прибак Бешикташ од Турција.Ова се први натпревари за македонските екипи на домашен терен оваа сезона.

Актуелниот европски шампионВардар во сабота во 17 часот и 30 мунути во целосно распродадената сала Јане Сандански го пречекува Кирил Лазаров со неговата нова екипа Нант.На вардарци им се исполни желбата да играат во преполна сала па очекува да видиме интересно ракометно дерби.

Додека пак ракометниот клуб Металург од скопска автокоманда има задача да ја пречека екипата на Немања Прибак (македонскиот репрезентативец) Бешикташ од Турција во Спортскиот Центар Борис Трајковски во недела во 17 часот.Металург ќе се бори за првите бодови во оваа сезона во лигата на шампионите.

Доколку не обезбедивте место во спотските сали, имате директен пренос на Македонската радио телевизија 1.
Comments