top of page

Металург не успеа во Нови Сад

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Sep 20, 2017
  • 1 min read

Ракометарите на Металург го забележаа вториот пораз во регионалната СЕХА-лига, откако се поразени на гостувањето кај екипата на Војводина, со резултат 19:21 (11:11). Ова е истовремено и прва победа на Војводина во новата сезона.

Металург одигра слаб натпревар во кој од самиот почеток му ја препушти иницијативата на домашниот тим и во најголем дел од натпреварот бркаше негатива која изнесуваше од еден до максималните три гола. Војводина ги искористи бројните грешки на ракометарите на Металург, кои се мачеа во нападот, а беа порозни и во одбраната, па релативно лесно стекна резултатска предност, која им дозволи комоција во играта.Следен натрпревар за Металург е во недела во 17 часот во Лигата на шампионите против турски Бешикташ во спортскиот центар Борис Трајковски, билетите ќе бидат по цена од 100 и 100 денари по М-блоковите , а со директен пренос на МРТ1.


Comentarios


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page