Вардар и Металург ги претставија екипите за сезона 2017/2018
- Ракомет Mк
- Aug 19, 2017
- 1 min read

Ракометниот шампион Вардар ја престави својата екипа за новата сезона.По еднонеделното тренирање ракометарите тргнаа за Словенија во Крањска Гора потоа заминаа за Германија и таму го имаа првиот пријателски натпревар, против тимот на Бергишер и на крај тимот играше на турнир во Гумерзбах.Нови играчи сезонава се Даинис Криштопанс, и плус уште тројца вардарци што доаѓаат од тимот на Вардар јуниор, голманот Даниел Ѓорѓески, бекот Тоше Ончев и крилото Мартин Поповски.

Додека пак македонскиот вицешампион екипата на Металург од Автокоманда своите подготовки ги мина на Маврово , после на традиционалниот турнир Струга 2017 , неколку денови поминати во Скопје и пат за Охрид.Новите интернационални и домашни засилувања се: левиот бек Јануш Лапајне, десното крило Анте Токиќ, средните бекови Лука Стојановиќ и Божо Анѓелиќ, Мице Шилегов, Димитар Димитриоски, Милан Лазаревски, Марио Танкоски и Мартин Серафимов како освежување на тимот од подмладокот на Металург 2, и повратиците во тимот Никола Даниловски и Дарко Димитровски.

Првиот дуел помеѓу овие две екипи е на 2 септември во 17:45 Спортски центар Борис Трајковски во регионалната Сеха лига.

Comments