Крај на традиционалниот турнир "Струга 2017"
- Ракомет Mк
- Aug 16, 2017
- 1 min read
После четиридневното уживање со ракометот вчера 15 август беше свечено затворен турнирот во Струга 2017 на женската плажа.

Oваа година повторно турнирот го освои француски Шарт,каде ја совлада екипата на Бешиктакш со 29-26 (14-14).Шарт лани исто така го освои турнирот каде ја совлада екипата на Металург преку пенали.

Додека пак битката за третото место ја освои скопски Металург каде го совлада Охрид со 33-28 (15-15).Сепак, пресуди квалитетот на Металург, кој во последните десетина минути серозно и пристапи на играта и создаде комотна разлика од пет гола, со која заврши оваа интересна средба.

Петтото место го освои квалитетната екипа на Алингсас со висока разлика од 46-18 (26-9) го совлада домаќинот Струга

Голман на турнирот e Благојче Трајковски од ракометен клуб Охрид.
Играч со најмногу постигнати погодоци е Андрес Ходман од Алингсас.
МВП на турнирот Един Башиќ од екипата на Шарт.
Comments