top of page

Струшки турнир 2017

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Aug 5, 2017
  • 1 min read

Од 12-ти до 15-ти август во Струга ќе се одржи меѓународниот ракометен турнир “Струга 2017“. Ова е 45-то издание на еден од најстарите ракометни турнири на Балканот.Традиционално, сите натпревари ќе се играат на теренот на „Женската плажа“ во Струга, а победничкиот пехар освоен минатата година ќе го брани француската екипа Шартр,кога го совлада Металург на пенали и го осови 44-то издание на турнирот.

И оваа година ќе настапат шест екипи поделени во две групи:

Група “А“: Охрид, Бешикташ и Алингсас

Група “Б“: Металург, Струга и Шартр.

Комплетен распоред на натпреварите:

Сабота, 12 август:

18.45 ч. – Свечено отворање 19.30 ч. – Шартр – Струга 21.15 ч. – Бешикташ – Алингсас

------------------------------------------------------------

Недела, 13 август:

19.00 ч. – Бешикташ – Охрид 20.45 ч. – Металург – Шартр

------------------------------------------------------------

Понеделник, 14 август:

19.00 ч. – Металург – Струга 20.45 ч. – Алингсас – Охрид

------------------------------------------------------------

Вторник, 15 август:

18.00 ч. – Меч за петто место 19.45 ч. – Меч за трето место 21.30 ч. – Финале


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page