Металург ги започна подготовките
- Ракомет Mк
- Aug 4, 2017
- 1 min read
Македонскиот вицешампион металург денеска ги почна подготовките за новата натпреварувачка сезона. Првата прозивка на играчите ја направија помошниците Ацо Јовиќ и Петар Мисовски,а главниот стратег на тимот ќе се приклучи утре пред поаѓањето за Маврово.

На првиот тренинг беше присутен комплетниот ростер на Металург заедно со новите интернационални и домашни засилувања, левиот бек Јануш Лапајне, десното крило Анте Токиќ, средните бекови Лука Стојановиќ и Божо Анѓелиќ, Мице Шилегов, Димитар Димитриоски, Милан Лазаревски, Марио Танкоски и Мартин Серафимов како освежување на тимот од подмладокот на Металург 2, и повратиците во тимот Никола Даниловски, кој беше позајмен во Пелистер, и Дарко Димитровски кој дојде од Борец. На прозивката не беше присутен репрезентативниот бек Марко Нелоски, кој има слобода да си најде нов клуб.
Новите засилувања на ракометен клуб Металург:

Интернационални засилувања:
-Анте Токиќ,Лука Стојановиќ,Јануш Лапајне,Божо Ангелиќ.

Металург во Маврово ќе одработи седумдневни подготовки после кои следува првата контролка на турнирот во Струга од 12 до 15 август.
Comments