Европскиот шампион ги започна подготовките
- Ракомет Mк
- Aug 4, 2017
- 1 min read
По еднонеделно тренирање во Скопје, ракометарите на европскиот првак Вардар подолжија за Словенија во Крањска Гора. На подготовките отпатуваа 20 ракометари, што ги има на располагање тренерот Раул Гонзалез.

Нови играчи сезонава се Даинис Криштопанс, и плус уште тројца вардарци што доаѓаат од тимот на Вардар јуниор, голманот Даниел Ѓорѓески, бекот Тоше Ончев и крилото Мартин Поповски.
До 11 август екипата останува во Словенија, а потоа се заминува за Германија и таму ќе го имаат првиот пријателски натпревар, против тимот на Бергишер.

Следниот ден нашиот тим ќе игра на турнир на Гумерзбах, и во полуфиналето на 12 август се среќаваме со Рајн Некар од 17 часот. Следниот ден е натпреварот за пласман.
На крајот од август од 24 до 29 август ќе бидеме во Катар каде ќе играме на Супер Глоуб, неофицијалното ракометно клупско СП.

Хотелот со специјалално добредојде за шампионите:

Comments