Франција пресилна за Македонија
- Ракомет Mк
- Jul 27, 2017
- 1 min read
Јуниорската репрезентација на Македонија е сопрена во четврт-финалето на СП во Алжир. Нашите млади ракометари немаа сили да направат ново чудо и да ја елиминираат Франција.
Македонија на првенството во Алжир немаше среќа со распоредот. Најпрво бевме дел од најсилната група од која сите четири репрезентации станаа дел од четврт-финалето и влегоа во топ-8 репрезентации на светот, а потоа за противник ја добивме Франција. Македонија го забележа третиот пораз, но да не заборавиме - загубивме од европскиот шампион Шпанија, од светскиот шампион Франција и од за нас секогаш незгодниот Тунис.


Франција беше подобриот противник во текот на целата средба, но Македонија долго беше во игра и се спротивставуваше онолку колку што можеше и имаше сили, по тешката битка со Алжир од претходниот ден.
Првото полувреме заврши со предност од пет гола за светскиот шампион, а во вториот дел успеавме во два наврати да се доближиме на растојание од три гола. Сепак, заморот не стигна во последните десет минути од средбата во кои Франција и ја направи најголемата разлика.
Македонија сега ќе разигрува за пласман од 5 до 8 места, а наш прв противник ќе биде репрезентацијата на Русија, која еднаш веќе ја совладавме во групната фаза. Оваа средба се игра в сабота, со почеток во 13.30 часот.
Франција - Македонија 33:17 (14:9)
Comments