top of page

Младинците овозможија осминафинале на СП во Алжир

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jul 24, 2017
  • 1 min read

Македонската јуниорска репрезентација го совлада Бразил со 28:23, а на полувреме со 14:11 и го освои второто место во групата “Ц“.По два едноподруго порази, за кои стравувавме дека ќе ја нарушат атмосферата во нашата репрезентација, денеска ја видовме Македонија во полн сјај, видовме игра со која целосно го надигравме Бразил.

Со освојувањето на второто место, Македонија постигна огромен успех, а успеа и да ги избегне двете најсилни репрезентации во групата “Д“, Хрватска и Исланд. Сепак, во осминафиналето не чека сериозен противник - домаќинот на првенството Алжир. Ако ја минеме и оваа пречка, тогаш во полуфиналето најверојатно ќе налетаме на силната Франција.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page