Прв пораз на младинците на ова Светско првенство
- Ракомет Mк
- Jul 21, 2017
- 1 min read
Македонската машка ракометна репрезентација до 21 година го забележа првиот пораз на Светското првенство во Алжир.Тунис ја победи Македонија со 32 спрема 27, а додека пак на полувреме заминаа со 17 спрема 13 за Тунис.Екипата на противникот си ја заслужи победата затоа што играа борбено и максимално сконцентрирано во нападот и одбраната.

Овој пораз во голема мера го загрози пласманот на нашата селекција во следната фаза, особено што Русија денеска го изненади и го совлада Бразил. Нашиот пласман сега зависи од преостанатите наши средби со Шпанија и со Бразил, но исто така и од исходот од средбите на останатите претенденти, Русија, Тунис и Бразил. Засега сигурна во следната фаза е Шпанија, а сигурно не минува Буркина Фасо. Останатите четири селекции се со реални шанси за пласман. За нас една од најважните средби е дуелот од следното коло меѓу Тунис и Русија. Победата на Тунис би ја оставила Русија со 4 бода (два има и два ќе освои против Буркина Фасо), а тоа веднаш ќе значи промоција на Македонија како учесник во следната фаза. Ако, пак, Русија го совлада Тунис, или одигра нерешено, тогаш на Македонија ќе и треба барем еден бод од средбите со Шпанија и со Бразил.

Нареден натпревар за Младинците е по еден ден пауза во недела против екипата на Бразилк, со директен пренос на РакометМк.
Comentarios