top of page

Прва победа на младинците во Алжир против русија !

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jul 18, 2017
  • 1 min read

Македонските јуниори стартуваа со висока победа на СП во Алжир и ги освоија првите бодови, кои можеби ќе бидат решавачки за нашиот пласман во следната фаза. Совладана е силната Русија, со резултат 29:22 (10:11).Видовме одличен натпревар во кој нашите репрезентативци водеа во поголем дел од средбата и заслужено ги освоија првите два бода.

Во првото полувреме се водеше рамноправна борба, но сепак Македонија беше селекцијата која во најголем дел од времето го контролираше резултатот. Во неколку наврати водевме и со два гола разлика, но противникот успеваше да се врати во игра, а во последната секунда дојде и до минимална предност, 10:11, со која двете селекции заминаа на одмор.Почетокот на вториот дел им припадна на руските репрезентативци, кои во два наврати создадоа и убедлива предност од три гола. Беа потребни дури десет минути од второто полувреме за да го израмниме резултатот, а две минути подоцна нашите јуниори и го презедоа водството, кое не го испуштија до крајот. Во 42. минута апсолутно незаслужено црвен картон доби нашиот Марко Нелоски, кој имаше минимален контакт со противничкиот играч.

Во второто полувреме се разбрани нашиот Мартин Томовски, кој, беше еден од главните иницијатори на разбивањето на противничкиот состав. Неговите бројни одбрани им дадоа крилја на нашите ракометари, кои почнаа да го решетат рускиот гол од сите позиции. Од минута во минута, разликата стануваше се поголема, се до конечните +7 со кои заврши овој интересен натпревар. Во 58. минута црвен картон доби и Горан Крстевски.Утре нашите репрезентативци паузираат, а веќе в четврток, со почеток во 21 часот, ќе го играат натпреварот од второто коло. Наш следен противник е репрезентацијата на Буркина Фасо, аутсајдерот во нашата група.


Comentarios


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page