top of page

Металург се подготвува за новата сезона

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jun 21, 2017
  • 1 min read

Во изминатите неколку дена беше доста “жешко“ во службените простории на тимот од Автокоманда (Металург)). Неколку ракометари ги продолжија своите договори, тимот доби нови засилувања, но некои и го напуштија Металург.

Тимот ја информира јавноста дека нов двогодишен договор потпиша репрезентативниот пикер Жарко Пешевски, кој целата своја досегашна кариера ја мина во металург.Нови едногодишни договори потпишаа голманот Дарко Арсиќ, десното крило Александар Гуглета и левото крило Вања Илиќ.

Повратник во Металург е Дарко Димитриевски, кој игра на позиција среден и лев бек и кој во Металург се врати од екипата на Борец. Димитриевски потпиша едногодишен договор со нашиот клуб. Во Металург се врати и голманот Никола Даниловски, кој беше позајмен во Пелистер и кој има активен договор со Металург.

Нов ракометар на Металург е и Јануш Лапајне, кој игра на позиција лев бек, но кој може да настапи и на централната бековска позиција. Лапајне (22 г., 193 см, 93 кг), кој претходно настапувал за екипите на Ајдовчина и на Урбанскапе од Шкофја Лока, во Металург доаѓа од редовите на европскиот вицешампион Пари Сен Жермен, а со металург потпиша двегодишен договор.

Во наредниот период договори со Металург ќе потпишат уште најмалку тројца нови ракометари, за што дополнително ќе информираме. Во изминатиот период неколку ракометари ги напуштија редовите на металург. Официјално, соработката е прекината со Мартин Марчец, Немања Младеновиќ, Горан Печенковски и со Предраг Вејин.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page