top of page

Македонија денеска против Чешка за пласман на ЕП 2018

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jun 18, 2017
  • 1 min read

Македонија денеска ќе ја пречека репрезентацијата на Чешка во Вип арената Борис Трајковски.Целата арена е распродадена и тоа значи дека ќе биде вистински пекол за чешите.Натпреварот започнува во 20:45 во вип арената, доколку не сте обезбедиле билет ќе има телевизиски пренос на МТВ1 или ТВ Телма.На Македонија и е потребен 1 бод за да обезбеди пласман и тоа да биде на првото место на табелата и да пронајде добар шешир на Европското Првенство во Хрватска.

Чешите изјавива дека нема да дојдат со бело знаме и дека само сакаат победа.

Ние да потсетиме дека лани во квалификациите за светското светското првенство во Франција Македонија исто во Вип арената ја соблада чешка со високи 7 гола разлика.Ама сепак нема да биде лесно,па се надеваме дека Македонија ќе ја совлада Чешка.Дојдете и бодрете ја Македонија во Вип арената Борис Трајковски.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page