top of page

Парис Сен Жермен е првиот финалист, падна Везпрем.

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Jun 3, 2017
  • 1 min read

Парис Сен Жермен го совлада Веспрем со 27-26,и обезбеди ново ЛШ финале.

Натпреварот започна со голот на Стефанчиц со 1-0 за ПСЖ.Првите 5 минути се играше гол за гол,но една статива од страната на Везпрем и оДбраната на Омејер ПСЖ стигна до 5-3.Mаргус ја прекината серијата на ПСЖ за 5-4.Везпрем повторно во водтство од два разлика 6-4.Хансен постигна гол за 7-4, потоа преку контра Маркуз повторно врати 2 разлика негатива.Одбрана на Миклер, и гол на Палмарсон за 7-6 во првите 15 минути.Првиот пенал на натпреварот беше пеналот на Везпрем, но за жал не беше резлизиран.Првото полувреме се играше гол за гол,и двете екипи заминаа на полувреме со 11-11.

Второто полувреме го отвори Момир Илич за 12-11,но брзиот центар донесе 12-12.Грешка на Везпрем и погодок на Нарцис за 13-12 за ПСЖ.Одбрана на Миклер и водство на Везпрем за 15-14.Потоа успеа Омејер да одбрани и грешка во нападот на Везпрем,за ПСЖ да е повторно во водство.ПСЖ стигна до највисоки +3 за 19-16.Мирко Алиловиќ одбрани пенал на Геншеимер.И Везпрем намалува на 19-18 во 45 минута.Во 49 минута повторно 21-21 намалува Везпрем.Во 50 минута се игра гол за гол.Уште 5 минути до крај резултатот е во полза на Париз Сен Жермен 26-25.Одбранет пенал од страна на Миклер шанса за Везпрем по изедначување,нападот неуспешен биеше Палмарсон до голот.Карабатиќ со гол за 27-25,тајма аут побара Веспрем.Пола минута до крај во напад е Веспрем а ПСЖ води 27-26.Грешка на Веспрем и победа на ПСЖ со 1 разлика.

Натпреварот заврши со резултат Парис Сен Жермен 27-26 Веспрем.Првиот полуфиналист е ПСЖ , а за вториот ќе дознаеме покасно кога ќе играат Вардар и Барселона.Потсетување Вардар - Барселона 18:00 часот телевизиски пренос МРТ1.


Comments


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page