top of page

Вардар ја освои СЕХА, со победа над Везпрем

  • Writer: Ракомет Mк
    Ракомет Mк
  • Apr 9, 2017
  • 1 min read

Ракометарите на Вардар во големото сеха финале со 26-21 го победија унгарски Веспрем на завршниот турнир кој се одржа во Брест, Белорусија. Ова е трета титула за Вардар по победите во (2012, 2014, 2017). Вардар својата доминацијата во СЕХА лигата ја заокружи со титула.Во финалето македонскиот шампион ја прекина двегодишната доминација на Веспрем и стана најуспешниот тим во ова натпреварување. На голот командуваше Арпад Штербик, што беше клучно за победата на Вардар.

Првата предност од три гола 17:14 Вардар ја имаше во 40.минута, потоа во наредните три минути Веспрем израмни на 17:17, по што, во наредните седум минути, голманот Штербик и одбраната, иницираа серија од пет гола, по која Веспрем не успеа да се врати.

Штербик на крајот имаше 12 интервенции, додека стрелците кај Вардар ги предводеа Канељас и Дибиров кои постигнаа по пет гола, односно Марсениќ кој постигна четири гола.

Најдобар играч на Веспрем беше голманот Алиловќ со 13 одбрани. На завршниот турнир третото место го освои домаќинот Брест Мешков кој го победи Загреб со 23:19.


Commentaires


Други објави

© 2016-2019 Ракомет MK
За секоја употреба на текстови, фотографии или податоци од овој веб сајт, потребна е  дозвола од Ракомет MK

bottom of page